Connect with us

Останати спортови

Килде повторно се повреди

Освојувачот на Големиот кристален глобус во 2020 година, норвешкиот скијач Александар Амот Килде ја повреди Ахиловата тетива за време на спуст тренингот во Чиле и се соочува со уште едно долго отсуство од патеките.

Норвешката скијачка асоцијација објави денеска дека 34-годишниот Килде ќе отпатува во Инсбрук на дополнителни прегледи, по што ќе разговара за процесот на закрепнување со медицинскиот тим, а потоа ќе биде појасно колку долго овој пат би можел да отсуствува од трките во Светскиот куп во алпско скијање.

Повредите на Килде го следат од јануари 2024 година, кога доживеа тежок пад за време на спустот во Венген, поради што мораше да биде подложен на бројни операции и се врати на патеките дури кон крајот на 2025 година, но сепак не можеше да се натпреварува на Зимските олимписки игри во февруари оваа година во Кортина.

Ad
Ad