Connect with us

Сцена

Во лондонскиот Суд започна изборот на порота за судењето на актерот Расел Бренд

Во лондонскиот Крунски суд во Саутворк, започна изборот на членови на поротата кои ќе учествуваат во судењето на британскиот комичар и актер Расел Бренд (51), обвинет за силување, сексуален напад и непристоен напад.

„Против актерот се поднесени обвиненија за три случаи на силување, три случаи на сексуален напад и еден случај на непристоен напад. Наводно делата за кои тој се изјаснил дека е невин, ги извршил во Лондон и Борнмут, од 1999 до 2009 година“, јави синоќа Би-би-си.

Бренд во Судот се појавил во придружба на неговата сопруга Лора, во сиво одело и очила за сонце. Против него се поднесени тужби од страна на шест жени.

– Очекуваме судењето да започне во среда и да трае околу шест недели, изјавил Бенатан, судија одговорен за случајот, нагласувајќи дека утре ќе се знаат избраните поротници кои ќе мора да положат заклетва пред судењето.

Ad
Ad