Сцена
Хали Бери тврди дека фотографијата приложена пред судот не докажува дека физички го малтретирала својот син
Бери ги одрекува сите обвинувања.
На фотографијата што Мартинез ја приложи пред Судот не се гледаат траги од насилство, така што, според мене, доказот на мојот поранешен сопруг е невалиден, се наведува во судските документи поднесени на 13 октомври.
Актерот по разводот побара целосно старателство над синот, а како причина го наведе инцидентот што, според него се случил на 26 септември, тврдејќи дека тоа не е прв случај на малтретирање.
– На приложената фотографија нема модринки, црвенило ниту траги од давење, па според мене Мартинез нема основа за тужба. На фотографијата се гледа како син ми мирно стои, со рацете во џеб, на неколку чекори од мене, изјави актерката.
Спротивно од неа, Мартинез посведочил дека нивниот син ја фотографирал мајка си веднаш по инцидентот бидејќи, како што навел, и во минатото бил изложен на насилство, но никој не му верувал.
– Син ми и предходно се жалеше од мајка му, но никој не му поверува. Па затоа, како што ми кажа самиот, ја направил фотографијата, наведе Мартинез.
По ова, судот бара сведочење и од наводната „жртва“ во спорот, каде двете страни се со спротиставени мислења.
– Сметам дека Судот треба да ја слушне и верзијата на син ми. Како и да се изјасне со кој сака да живее, рече Мартинез.
Од друга страна пак, Бери се противи неговото сведочење да се земе предвид, бидејќи како што вели, момчето е под влијание на татко му.
– Не се согласувам со барањето на мојот поранешен сопруг. Според мене Мејс е советуван и изманипулиран од татко му, изјавила таа пред Судот.
Адвокатот на Мартинез исто така смета дека Судот треба да ја чуе и неговата страна од приказната, истакнувајќи дека спречувањето може да го обесхрабри во иднина да пријавува слични инциденти.
Мејс има право да раскаже што и како се случило тој ден. Според мене неговото сведочење е клучно за праведен завршеток на спорот, изјавил адвокатот на Мартинез.
Судскиот процес поврзан со тужбата, како и постапката за старателството над нивниот син, сè уште се во тек.
октомври 15, 2026

