Connect with us

Живот

Глумицата Лори дел Санто загубила 3 деца, но вели: Сепак, животот вреди да се живее!

Поранешната љубовница на поп-пејачот Ерик Клептон, италијанската глумица Лоредана „Лори“ дел Санто неодамна раскажа за трагедиите во својот живот и за тоа како повторно се издигнала над нив. Таа, имено, загубила не едно, туку три деца. И, навистина е за восхит, се вели, неверојатната сила и храброст што Дел Санто ги покажува кога раскажува за сè она што ѝ се случило и за нејзината одлука да не потоне „в бездна“ – како што самата вели, туку да му се врати на животот, пишува порталот „Дилеј (DiLei)“.

Некогашната актерка и манекенка, а потоа и ѕвезда на неколку реални шоуа, која веќе се движи кон залезот на седмото десетлетие од животот, во 1980-тите влегла во врска со Клептон додека тој бил оженет со супермоделот Патриша Бојд. Британскиот музичар и манекенката од Сомерсет во тоа време неуспешно се обидувале да добијат деца, при што се соочиле со низа спонтани абортуси. Лори дел Санто на 21 август 1986 го родила Конор – син на Ерик Клептон. Пејачот и Бојд се разведоа во 1989 година, откако таа била целосно разочарана од неговото признание дека Дел Санто забременила од него. Детето погинало кај нејзиниот дом во САД, на 20 март 1991, на четиригодишна возраст, откако паднало на 53. кат, од спалната соба на зградата во њујоршката општина Менхетн. Хигиеничарката го оставила прозорецот отворен…

– Судбината се состои од секунди. За две секунди (внимание), ова немаше да се случи. Којзнае колку пати одредени работи не се случиле за тие две секунди, а јас сум преживеала. Постојано замислувам дека децата сè уште се тука. Како да сум жива закопана. Се чувствувам како да фрлаат земја врз мене со лопата, а јас во меѓувреме гледам сè околу себе – ќе рече глумицата. 

Клептон таа несреќна за нив, 1991 година, ги напишал песните „Tears in Heaven (Солзи во рајот)” and „Circus (Циркус)”, за нивното дете.

Во тоа време, Дел Санто била бремена. Само неколку месеци по трагичната смрт на Конор, таа го има и синот Девин Сарди со италијанскиот филмски продуцент и бизнисмен Силвио Сарди. Девин денес живее во Мајами, а поради неговата работа како фотограф, често е на релација САД – Италија.

По неколку години Дел Санто, добила уште еден син, како што подоцна откри – со својот колега од модните писти, Германецот Денис Шалер. Момчето се викало Лорен Сарди. Во 2018 година, Лорен извршил самоубиство на свои 19 години. Во 2019, Лори откри дека Лорен боледувал од анхедонија – состојба што го оневозможува уживањето во вообичаените животни активности, како што се јадењето, дружењето со луѓе и слично. 

– Тој беше совршен, но имаше особини коишто ако не ги познавате – би помислиле дека се дел од неговиот карактер, а всушност, тоа се симптоми на неговата болест – изјави Дел Санто.

Таа, исто така, откри дека во 90-тите имала уште еден син. Се работи за бебето, кого, како што таа подоцна сведочи – го имала со чешко-холандскиот тенисер Рихард Крајичек, предвремено родено и неименувано, кое живеело само две недели и починало од инфекција. Ова не се единствените животни трагедии, вели Дел Санто. За „Корјере“ зборуваше и за смртта на нејзиниот татко, кој починал кога таа имала само три и пол години и начинот на којшто таа траума ѝ се врежала во нејзиното сеќавање од детството.

– Животот е авантура! Навистина е како лулашка! Горе-долу, среќа-несреќа. Сепак, вреди да се живее! – заклучи таа. 

Ad
Ad