Connect with us

Живот

Полиција уби пудлица за време на операција во хотел во Берлин

Полициски службеник убил пудлица во акција во хотел во Берлин, додека бил во потера по маж за кого сведоците тврделе дека имал предмет сличен на пиштол на божиќен пазар.
Сведоци рекле дека виделе маж на плоштадот Брајтшајдплац во Западен Берлин, каде што саемот беше цел на смртоносен напад со камион пред десет години.

Полициските службеници отишле во блискиот хотел и затропале на вратата од собата каде што престојувал мажот.

Осомничениот (63) делумно ја отворил вратата и им се заканил на полицајците со одреден предмет, објави полицијата. Еден полицаец испукал куршум во вратата, но никој не бил повреден.

Кучето, за кое се верува дека е пудлица, потоа истрчало од собата кон полицајците, по што друг полицаец го застрелал.

Портпаролката на полицијата изјавила дека кучето претставувало „некаков вид закана“.

Полицијата соопштила дека го привеле мажот и го однеле во болница бидејќи има проблеми со менталното здравје.

Сомнителниот предмет што ја предупредил полицијата се покажал како пиштол за прскање наменет за одбивање животни, изјави портпаролката на полицијата

Ad
Ad