Вести
Во Охрид утре состанок на лидерите од Процесот Брдо – Бриони
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, во Охрид, ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо – Бриони, чиј коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.
На регионалниот состанок ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула, вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, како и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Процесот Брдо – Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста. Покрај Македонија, Словени и Хрватска, во Процесот Брдо – Бриони учествуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
ноември 26, 2026


