Свет
Кошта ја истакнува неопходноста од постигнување консензус за буџетот на ЕУ до крајот на оваа година
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за нацрт-буџетот „до крајот на оваа година“ пред почетокот на серијата избори во Европа следната година, јавија француските медиуми.
„Ова е вистинскиот момент кога сите лидери мора да дебатираат со отворен ум, конструктивен став и чувство за компромис“, нагласи Кошта по пристигнувањето на европскиот самит за буџетот во Брисел.
Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година мора да биде избалансирана и да обезбеди поголема поддршка за земјоделците и европските региони. „Таа треба да обезбеди повеќе инвестиции и во областите на одбраната, безбедноста и конкурентноста“, нагласи Коста.
Претседателот на Европскиот совет ја потврди својата подготвеност да им овозможи на земјите-членки да постигнат договор за следниот буџет на Унијата, но неколку европски лидери ги изразија своите резерви во однос на предлогот што тој го презентираше.
ноември 26, 2026


