Connect with us

Останати спортови

Русија се враќа во Лигата на нациите

Светската одбојкарска федерација ги соопшти групите во рамки на Лигата на нациите за 2027 година. Следната сезона ќе има 19 репрезентации и со тоа е потврдено враќање на Русија. Руската репрезентација последен пат настапи на Европското првенство во 2021 година (четвртфинале) и во Лигата на нациите (5.место).

Натпреварите ќе се играат во периодот од 9.јуни до 18.јули, додека завршниот турнир ќе се одржи од 28.јули до 1.август.

Последен шампион во ова натпреварување е Полска која во финалето ја совлада селекцијата на САД со 3:2 во сетови.

Ad
Ad