Connect with us

Култура

Тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика во Кочани

Во Мултикултурниот центар во Кочани, од 27 до 29 ноември, ќе се одржи тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика, во организација на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија.

Настанот има за цел да го доближи чембалото, како инструмент со специфичен звук, богата историја и значајно место во европската музичка традиција, до пошироката публика.

Предавач на настанот ќе биде Цветанка Созовска, магистер по чембало, која своето професионално музичко искуство го гради во Македонија и во Холандија. Преку едукативни презентации и практични работилници, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со особеностите на чембалото, неговите изведувачки техники и специфичностите на барокниот музички израз.

Програмата започнува на 27 ноември (петок), во 12 часот, со презентација на чембалото и работилници наменети за пијанисти.

На 28 ноември (сабота), со почеток во 10 часот, ќе се одржат работилници за камерна музика.

Настанот ќе заврши на 29 ноември (недела), во 16 часот, со завршен концерт на кој публиката ќе има можност да проследи изведби на чембало и дела од барокната музичка епоха.

Организаторите ги покануваат љубителите на музиката, уметноста и културата да присуствуваат на настанот и да бидат дел од музичката средба, која претставува можност за афирмација на класичната музика, поттикнување интерес за чембалото и промоција на богатото европско музичко наследство. 

Ad
Ad