Connect with us

Филм

Џеф Безос учествувал во изборот на Роберт Патинсон за нов агент 007

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос изјави дека бил активно вклучен во изборот на актерот Роберт Патинсон за улогата на Џејмс Бонд.

Тој на прес-конференцијата откри дека „Амазон“ го стеснил изборот на петмина актери кои требало да изведат по три сцени на филмските сетови, облечени во костими. Според него, по прегледот на снимените проби, Патинсон бил најдобар избор.

– Беше очигледно. Тој е новиот Џејмс Бонд“, изјави Безос, додавајќи дека на почетокот постоела дилема дали за оваа улога треба да биде избран помалку познат актер.

Четириесет годишниот Роберт Патинсон е познат по филмовите „Сагата на самракот“, „Хари Потер и огнениот пехар“ и „Тенет“.

Новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде под покровителство на студио „Амазон МГМ“ кое минатата година ја откупи филмската франшиза, по случен договор за партнерство помеѓу Мајкл Вилсон и Барбара Броколи

Ad
Ad