Connect with us

Свет

Во Либија запленети над четири милиони таблети и 29 килограми кокаин и хашиш

Во источна Либија запленети се повеќе од четири милиони наркотични таблети и 29 килограми кокаин и хашиш во крајбрежниот град Дерна, а уапсени се и неколку осомничени членови на група за трговија со дрога, соопшти денеска либиското Министерството за внатрешни работи.

– Нема да покажеме попустливост кон никого што се осмелува да ја загрози безбедноста на нашата младина или иднината на нашата земја, изјави претставникот на либиското МВР, Ахмед ал-Шамих.

Во извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал објавен во јануари, Либија станала важен регионален транзитен центар за синтетички дроги и други наркотици. Во извештајот се посочува дека групите за шверц ја користат нестабилноста на земјата, која трае од соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година и граѓанската војна помеѓу вооружените фракции што се борат за власт.

Ad
Ad