Connect with us

Забава

Белгиски пекар направи џиновски меден колач во форма на Свети Никола

Белгискиот пекар Тон Де Клерк направи џиновски меден колач во форма на Свети Никола, висок 1,90 метри, а тежок неколку десетици килограми. Колачот е изложен во неговата пекарница во Синт Никлас, а средствата од продажбата ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Berrefonds“.

Синт Никлас е познат по традиционалното одбележување на празникот, чии подготовки се во тек.

За таа цел Де Клерк, кој веќе подолго време подготвува колачиња за продавницата во Куќата на Свети Никола, годинава одлучил да направи нешто посебно, односно, да подготви меден колач со стар калап пронајден на таванот од куќата.

– Ми кажаа дека на таванот се наоѓа стар, голем калап за колачиња во форма на Свети Никола. Сепак, се изненадив кога го најдов. Се покажа дека е висок дури 1,90 метри, раскажал пекарот.

Калапот датира од 1988 година, по основањето на Фламанското здружение на Свети Никола. Во тоа време, исто така бил подготвен џиновски меден колач.

За негова подготовка било потребно 31 килограм тесто за кое било потребно да се најде соодветен начин за печење.

– Моравме да бидеме исклучително снаодливи. Одлучивме колачот да го печеме на температура малку повисока од 160 степени, од околу четири часа, објаснил Де Клерк.

Дополнителен проблем претставувал и садот за печење во којшто не го собирало колачот, па поради тоа, како подлога ги искористиле вратите од не’рѓосувачки челик кој служеле за заштита од инсекти на лето.

Според Де Клерк, би било добро доколку се продаде колачот, а со тоа се пружи помош онаму кај што е потребна.

– Би било одлично доколку некоја компанија сака да го купи овој уникатен колач, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, посочил пекарот.

Ad
Ad