Регион
Се урна борбен авион на српската армија
Авион на српската армија се урна помеѓу Нова и Стара Пазова, и според РТС притоа загинал пилотот. Медиумите во Србија засега спекулираат дека се работи за борбен авион од типот МиГ-29.
Екипи на пожарникари, амбулантни возила, полиција, како и припадници на Воената полиција веднаш беа испратени на терен за да го обезбедат местото на несреќата. Причината за несреќата засега е непозната, а повеќе детали ќе бидат познати по официјалното соопштение на надлежните органи и истрагата, јавија белградските медиуми.
ноември 17, 2026


