Connect with us

Тенис

Носкова и Пегула во полуфинале, а Гоф го заврши настапот на ВТА финалето

Линда Носкова од Чешка и Џесика Пегула изборија полуфинале на ВТА финалето што се игра во Индијан Велс. Во нивниот меѓусебен дуел одигран синоќа Пегула ја совлада Носкова со 2:1 во сетови (7:6(2); 4:6 и 7:5) и на тој начин дојде до втората победа во групата, додека на Носкова и покрај поразот остана прва.

Во првиот меч од групата од 3. коло Американката Коко Гоф ја победи Марта Костјук од Украина со 2:0 во сетови (6:4 и 7:5), а притоа во вториот сет успеа да спаси три сет топки и да освои шест гема за втора победа. Но, и тоа не и беше доволно за полуфинале.

Трите тенисерки имаа скор 2-1 (победи-порази). Носкова имаше биланс 5:2 во сетови, Пегула 5:3, а Гоф 4:3 што се покажа како решавачко.

Вечерва се играат двата меча од другата група: Арина Сабаленка – Елина Свитолина и Мира Андреева – Каролина Мухова. Во оваа група првопласирана е Мира Андреева, додека во меѓусебниот меч Сабаленка и Свитолина ќе решат за второто место во групата.

Според тоа во полуфиналето ќе играат: Пегула – Андреева и Носкова со победничката од мечот Сабаленка – Свитолина.

Ad
Ad