Connect with us

Хроника

Жена од Босна и Херцеговина пријавила малтретирање и физички напади од партнер во кратовско село

Жена од Босна и Херцеговина била малтретирана од нејзиниот партнер во кратовско село. Таа го пријавила случајот во кумановската полиција на 5 ноември годинава.

– Четириесет и двегодишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д. (46) од селото. Веднаш е постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила – наведува полицијата.

Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. Вчера во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ad
Ad