Филм
Актерот Пирс Броснан го поддржа Калум Тарнер за нов Џејмс Бонд
Актерот Пирс Броснан, кој го толкуваше ликот на Џејмс Бонд во четири продолженија, од 1995 до 2002 година, го поддржа британскиот актер Калум Тарнер како можен наследник на Даниел Крег во улогата на легендарниот агент 007, оценувајќи дека тој би бил „солиден“ избор.
-Работев со него, тој е многу добар – изјави Броснан за магазинот „Венити фер“, додавајќи дека сега е само набљудувач кој со интерес очекува да дознае кој ќе ја преземе култната улога.
Тарнер (36) е еден од четворицата актери кои продукцијата ги избрала за пробни аудиции, одржани кон крајот на минатиот месец. Актерот е познат по улогата на братот на Њут Скамандер во филмскиот серијал „Фантастични ѕверови“.
Меѓу актерите кои се споменуваат како потенцијални наследници на Крег се и Џек Лоуден и Џош О’Конор кои исто така се наведуваат како можни кандидати за продолжение на серијата.
-Одлуката за избор на новиот Џејмс Бонд би можела да биде донесена до крајот на годината, изјави продуцентката Ејми Паскал, истакнувајќи дека наследувањето на Даниел Крег претставува голем предизвик и дека актерот кој ќе ја добие улогата ќе мора да донесе нешто поинакво, импресивно и оригинално.
Новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде во режија на канадскиот режисер Дени Вилнев
ноември 5, 2026

