Connect with us

Кошарка

Петти пораз на МЗТ Скопје во ФИБА Европа купот

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и петтиот пораз во Европа купот на ФИБА, откако вечерва загубија на гостински терен од Дзики Варшава со 89-66.

Актуелниот македонски шампион беше неможен да му се спротивстави на лидерот во групата Ф и одржуваше резултатска неизвесност до почетокот на втората четвртина, кога полскиот тим при резултат 20-19 влезе во серија од 17-4 и замина на полувреме со предност од +16 (47-31).

На почетокот на завршната четвртина, МЗТ Скопје беше и во највисока негатива од 27 поени и на крајот претрпе убедлив пораз.

Повратникот Адем Мекиќ со 11 поени беше најефикасен кошаркар на МЗТ Скопје, кој во следното коло на 11 ноември ќе му гостува на грчки Ираклис.

Ad
Ad