Connect with us

Хроника

МВР: 11 возачи лишени од слобода за едно деноноќие, осум возеле без дозвола, тројца пијани

Единаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско.

Во Гостивар бил извршен и службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без да се стекне со право на управување. Разговорот бил спроведен во присуство на негов родител.

Тројца возачи управувале патничко возило под дејство на алкохол, при што претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. Станува збор за С.С.(43) од село Биљановце, кумановско, Х.Ј.(39) од село Драмче, кичевско, и Д.Ц.(31) од село Осиче, кривопаланечко.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со изречена забрана за управување.

Одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, како што посочуваат од МВР, е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди, заштита на човечките животи и создавање побезбеден сообраќај.

Ad
Ad