Сцена
Мет Дејмон и ќерка му го освоија црвениот тепих на „ЦФДА“ модните награди во Њујорк
Мет Дејмон се појави на доделувањето на „ЦФДА“ модните награди во Њујорк со својата ќерка Изабела, која летово потпиша договор со агенцијата „ИМГ моделс“. За оваа пригода, двајцата избраа креации од „Ралф Лорен“.
Доделувањето награди на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA / ЦФДА) се одржа вчера вечер во Американскиот природонаучен музеј во Менхетен, а „оскаровецот“ ја додели наградата за американски дизајнер на машка облека на годината. Славниот татко и ќерката претходно беа меѓу од најзабележителните парови на црвениот тепих. Изабела носеше сребрен фустан до подот, којшто ѝ ја следи линијата на телото, украсен со шари во форма на дијаманти, со заоблен израз и долги ракави што завршуваа со реси; исти такви реси го красеа и долниот дел од фустанот, внесувајќи разигран елемент во целокупниот изглед. Косата ѝ беше собрана наназад, со неколку слободни прамени што „ѝ го врамуваа“ лицето.
Мет Дејмон (56) се одлучи за класична, но сепак модерна комбинација – црн костум со дворедно закопчување, врз црна ролка наместо кошула со вратоврска, надополнет со бело џебно марамче и црни чевли. На снимките од црвениот тепих, таткото и ќерката се смеат.
Во интервју за списанието „Пипл (People), американскиот глумец се пошегува дека тие меѓусебно си даваат совети – конкретно за тоа како да даваат посериозни одговори на прашањата.
Изабела додаде дека веќе подолго време „го обучува“ својот татко; Дејмон го потврди тоа и си ја пофали ќерката, велејќи дека едвај чека да види што таа ќе направи со својот живот. Изабела од 2024 година студира на Универзитетот на Њујорк, а летово стана дел од агенцијата „ИМГ моделс“. Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана ги имаат и ќерките Џија и Стела, а тој е и очув на Алексија – ќерка на Лусијана од претходниот брак.
ноември 4, 2026


