Хроника
Експлодирала плинска боца во стан во Куманово, нема повредени лица
Плинска боца експлодирала во стан во Куманово, нема повредени лица причинета е материјална штета, соопшти денеска кумановската полиција.
Вчера, во 14:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека во стан на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, сопственост на В.Ѓ.(51) , настанала експлозија од плинска боца, при што биле оштетени прозорците и дел од покуќнината.
Пожарот го изгасила Територијална противпожарна единица Куманово. Нема повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
ноември 5, 2026


