Connect with us

Култура

„Ехо на несвесното“ – солистички рецитал на пијанистката Дуња Иванова

Пијанистката Дуња Иванова на 4 ноември 2026 година, во 20:00 часот, во Салон 19/19 на Културно-информативниот центар во Скопје одржува солистички рецитал под наслов „Ехо на несвесното“. Програмата обединува дела од различни стилски и временски периоди, поврзани со идејата дека музиката е простор на сеќавања, асоцијации и внатрешни светови.

Концертот почнува со избор од циклусот „Silhouettes for Piano“ на Владимир Ребиков, музички минијатури полни со слики од детството, фантазијата и секојдневието. Следуваат „Романски народни танци“ на Бела Барток, дело во кое народниот материјал добива современ и виртуозен пијанистички израз.

Во вториот дел ќе бидат изведени композицијата „Кругови“ од Дино Имери, инспирирана од истоимениот роман на Тина Иванова, во која идејата за движење, повторување и постојана трансформација се претвора во музички тек, како и делата „Живот во кутија“ и „Џанго“ од Ана Пандевска, авторка чиј музички јазик комуницира со современата публика.

„Ехо на несвесното“ е патување низ различни музички светови во кои се преплетуваат спомените, фантазијата, фолклорот и современиот израз. Наместо хронолошки преглед на музичката историја, програмата нуди звучно истражување на она што останува скриено зад секојдневното искуство.

Концертот е дел од Годишната програма на Министерството за култура и туризам. Влезот е слободен.

Ad
Ad