Connect with us

Регион

Проверки по пријава за бомба на крузер со 1.537 лица на грчкиот остров Сирос

Припадници на грчката крајбрежна служба со помош на куче за откривање експлозиви, како и приватен нуркач, попладнево вршат проверки на крузерот „Crown Iris“ на пристаништето на грчкиот остров Сирос по добиена пријава за поставен експлозивен механизам на подводниот дел од трупот на бродот, јави дописничката на МИА од Атина.

Крузерот со 940 патници и 597 членови на екипажот, што плови под панамско знаме требало да отплови од Сирос и да го продолжи планираното патување кон Хаифа, Израел.

Според крајбрежната служба на Грција, на пристаништето се очекува да пристигне и специјална единица за подводни мисии.

За денеска беше закажан протест на Сирос против пристигнувањето на конкретниот крузер што е во сопственост на израелската компанија, како што беше пракса во текот на летото да се одржуваат протести на пристаништата на кои се закотвува „Crown Iris“, според организаторите, во знак на поддршка за палестинскиот народ, меѓутоа од крајбрежната служба на Грција го забранија денешниот протест.

Ad
Ad