Connect with us

Свет

Кина ја тужи американската држава Мисури поради тврдења за коронавирусот

Во суд во Вухан почнаа сослушувањата во тужбата за клевета поднесена од кинеските власти и научни институции против американската федерална држава Мисури. Тужената страна е обвинета за измислување и ширење лажни информации за пандемијата на коронавирусот.

Народен суд во Вухан, кој се наоѓа во покраината Хубеи, официјално го прифати случајот, а тужбата ја поднесоа заеднички градската администрација на Вухан, тамошниот Институт за вирусологија и Кинеската академија на науките од Пекинг.

Тврдат дека државата Мисури, поранешните генерални обвинители Ерик Шмит и Ендру Бејли, и сегашната американска обвинителка Кетрин Ханавеј, оркестрирале и спровеле „злонамерни и злоупотребувачки судски практики“. Во тужбата се наведува дека обвинетите измислиле и ширеле лажни информации и дале „стигматизирачки и дискриминаторски изјави“. Таквите дејствија, се истакнува, сериозно го оштетиле угледот на тужителот и предизвикале големи финансиски загуби.
Кинеската страна бара официјално јавно извинување, враќање на угледот и надомест на штета.

Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, кинеските обвинители бараат отштета од 356,44 милијарди јуани, односно 53,44 милијарди долари.

Кинеската тужба е продолжение на правниот конфликт што трае од април 2020 година. Мисури потоа поднесе тужба против покраината Хубеи и други кинески субјекти –  ги смета за одговорни за економската штета за која велат дека е предизвикана од пандемијата на коронавирусот. 

Ad
Ad