Фудбал
Португалскиот премиер Монтенегро: Тоа што го направи Роналдо ќе одекнува цела вечност
Португалскиот премиер Луис Монтенегро одговори на објавата на напаѓачот Кристијано Роналдо дека се повлекува од португалската репрезентација.
Денес о четврток, 5 ноември, 41-годишниот фудбалер објави петминутно видео на своите профили на социјалните мрежи, обраќајќи им се на португалскиот народ и објавувајќи ја својата одлука да се повлече од репрезентацијата по 23 години.
– Кристијано, ти благодарам! Она што го направи на теренот за Португалија ќе одекнува низ целата вечност. А сега, надвор од теренот, ќе продолжиш да ја претставуваш Португалија пред светот, напиша Монтенегро на своите профили на социјалните мрежи.
Роналдо одигра 234 натпревари за Португалија, постигнувајќи 146 гола. Заедно со репрезентацијата, напаѓачот стана европски шампион во 2016 година и двапати ја освои Лигата на нации (2018/19, 2024/25).
ноември 5, 2026


