Connect with us

Кошарка

Букер надвор од терените подолг период, Милано бара двајца играчи

Тимот на Армани Милано загуби седум последователни натпревари во Евролигата и има резултат 1:8. Повредата на високиот играч Девин Букер го принуди клубот да бара нови кошаркари.

Букер е надвор од терените подолг период, можеби ќе паузира неколку месеци, информира тренерот Пепе Поета.

Клубот од Милано бара засилувања за позициите центар и плејмејкер.

Триесет и петгодишниот Букер имаше просек од 6,1 поен, 3,8 скока и 1,1 асистенции за 15,6 минути по натпревар во девет натпревари од елтното кошаркарско натпреварување.

Ad
Ad