Свет
Мерц не очекува поголеми промени во Вашингтон по изборниот пораз на републиканците
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека не очекува поголеми промени во Вашингтон по убедливиот пораз на републиканците на изборите за американскиот Конгрес, посочувајќи дека претседателот Доналд Трамп и досега во голема мера се потпирал врз извршни наредби за спроведување на својата политичка агенда, заобиколувајќи го Конгресот.
Во неговото обраќање пред учесниците на економски форум во Берлин, Мерц рече дека Трамп од преземањето на функцијата на почетокот на 2025 година главно владеел без вклучување на Конгресот и дека очекува така да продолжи и во иднина.
Германскиот канцелар посочи дека американскиот Устав му дава широки овластувања на претседателот, што му овозможува на Трамп самостојно да носи одлуки, независно од Конгресот.
Според Мерц, промените ќе се почувствуваат единствено во буџетската сфера бидејќи демократите, откако ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, ќе можат да ги блокираат финансиските планови на администрацијата.
„Тоа ќе се одрази и врз планирањето на американските вооружени сили“, рече Мерц.
ноември 5, 2026


