Connect with us

Свет

Депортациите од Германија се намалени, но расте бројот на протерани во Турција

Бројот депортирани лица од Германија во првите девет месеци од годинава е намален за околу 18,9 отсто, но спротивно општиот тренд, и натаму продолжува растот на депортациите во Турција.

Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, од јануари до септември од Германија биле депортирани 14.324 странски државјани, наспроти 17.651 во истиот период минатата година.

Најчеста дестинација била Турција, каде биле депортирани 2.025 лица, по што следуваат Грузија со 883 и Алжир со 629 лица.

Податоците покажуваат уште дека депортациите во Сирија и натаму се отежнати, особено кога станува збор за осудени криминалци. Од почетокот на годината во Сирија биле депортирани шест лица.

И покрај вкупниот пад на депортациите, зголемен е бројот на лица кои со владина помош доброволно ја напуштиле Германија.

Според прелиминарните податоци на Министерството, од јануари до септември поддршка за заминување од Германија добиле 14.140 лица, наспроти 12.263 во истиот период минатата година. 

Ad
Ad