Connect with us

Кошарка

Работнички продолжува со максимален ефект, победа на Штип во Битола

Кошаркарските суперлигаши попладнево и вечерва одиграа четири дуели од 6.коло, а лидерот на табелата Работнички ја постигна шестата победа. Во неизвесен натпревар на домашен терен Работнички го совлада Кожув со 83:80.

Втора победа во низа оствари Штип, откако победи на гостувањето во Битола со 92:87 против Пелистер. Гостинска победа постигна и Тиквеш Голден Игл против Струмица со 75:70.

Очекувано првакот МЗТ Скопје Аеродром го победи Скопје (порано Маџари) во реприза на ланското плејоф финале со 79:60.

Последниот дуел од оваа рунда се игра утре меѓу ТФТ и МКК Куманово.

Табела: Работнички 6/0 (победи-порази), МЗТ Скопје Аеродром 5-1, Тиквеш 3-3, Кожув 3-3, МКК Куманово 3-2, Струмица, Пелистер, Штип 2/4, ТФТ 2/3 и Скопје 1/5. 

Ad
Ad