Connect with us

Тенис

Украинката Свитолина одби фотографирање за завршниот турнир

Украинската тенисерка Елина Свитолина ја нема на фотографиите на осумте најдобри тенисерки, кои ќе настапат на завршниот турнир што ќе се игра во Индијан Велс. Ова не беше планирано од страна на организаторите, но Свитолина не сакаше да биде на фотографии заедно со Мира Андреева од Русија и Арина Сабаленка од Белорусија.

Тенисерката од Украина одби да биде дел од заедничката фотосесија, традиционална најава на турнирот.

Свитолина од почетокот на војната во Украина одбива да се поздрави со тенисерки од Русија и од Белорусија, а во Индијан Велс е во група и со Андреева (го игра првиот меч) и со Сабаленка.

Овој турнир ќе се игра од 8 до 15.ноември во Индијан Велс, наместо во Саудиска Арабија поради безбедносната состојба на Блискиот исток.

Ad
Ad