Свет
Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Стивен Милер, кој важи за главен архитект на неговата строга имиграциска политика, за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс.
Оваа персоналан промена доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори во вторникот, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, добивајќи можност да ја блокираат законодавната агенда на Трамп и да покренат истраги за неговата администрација.
Милер, кој досега ја вршеше функцијата заменик-шеф на кабинетот, ќе ја преземе новата должност в понеделник, објави Трамп на својата платформа Трут соушл.
Трамп соопшти дека Вајлс ќе премине во неговиот политички тим, без да прецизира каква ќе биде нејзината конкретна нова улога.
Трамп за Милер напиша „еден од моите најдоверливи советници“, упатувајќи ѝ благодарност на Вајлс за досегашното раководење со кабинетот.
„Сакам да ѝ се заблагодарам за нејзината служба како шефица на кабинетот. Таа заврши одлична работа!“, напиша американскиот претседател.
ноември 7, 2026


