Connect with us

Општини

Во Неготино 54 родители со новороденчиња добија вредносни ваучери од по седум илјади денари

Во Неготино 54 родители со новороденчиња добија вредносни ваучери од по седум илјади денари, информираше попладнево неготинската градоначалничка Марија Нацева. 

– На пригодна свеченост што се одржа во салата за состаноци на Општината, како градоначалник на Општина Неготино на 54 родители кои имаат принови во своите семејства им врачив вредносни ваучери од 7.000 денари, за што од буџетот на општината се издвоија 378.000 денари – соопшти Нацева. 

Таа наведува дека Општина Неготино средствата ги доделува како поддршка за родителите во периодот кога истите им се потребни.

– Од свое лично име и од име на Општина Неготино, на сите присутни им ги честитав новороденчињата и им посакав многу здравје и среќа – сподели Нацева

Ad
Ad