Фудбал
Артета потврди дека Сака ќе паузира неколку недели
Менаџерот на лидерот на табелата на Премиер лигата Микел Артета потврди дека крилниот напаѓач Букајо Сака ќе отсуствува неколку недели. Тој на денешната прес-конференција, пред дуелот со Хал утре на „Емирати“, ја потврди информацијата дека фудбалерот го очекува неколку неделна пауза.
Сака нема да биде и дел од англиската репрезентација на двата дуела со Хрватска и Шпанија, што следуваат по викенд натпреварите.
– Зборуваме за период од неколку недели. Ќе видиме по репрезентативната пауза. Тој ќе почне да тренира и постепено да ги зголемува активностите, па ќе видиме како се чувствува, но за жал, ќе биде отсутен одреден период, изјави Артета.
Менаџерот на Арсенал се осврна и на утрешниот ривал потенцирајќи дека екипата на Хал со пласманот во Премиер лигата направи голема работа, а ги потенцираше и добрите резултати на екипата на стартот од сезоната и работата на неговиот колега Сергеј Јакировиќ (менаџер на Хал).
Арсенал се наоѓа на првото место на табелата со 24 бода по девет кола, или три повеќе од Манчестер Сити.
ноември 7, 2026

