Свет
Ирска предупредува: Серијата лажни дојави за бомби во медиумите и авиосообраќајот во Европа се координирани
Заканите со бомби упатени во изминатите денови до медиуми во повеќе европски земји и до авиосекторот во Европа веројатно се дел од координирана кампања чија цел е предизвикување вознемиреност, соопшти денеска ирската влада.
Канцелариите на неколку ирски медиуми утрово беа евакуирани по лажни дојави за поставени експлозивни направи.
„Овие закани се случуваат во услови на нарушувања во воздушниот сообраќај во Европа, кој исто така е цел на слични закани и се чини дека најверојатно станува збор за координирана кампања насочена кон предизвикување вознемиреност“, се наведува во соопштението на ирската влада.
Истовремено во соопштението се посочува дека засега не е познато кој стои зад овие закани.
ноември 7, 2026


