Connect with us

Свет

Трамп ги поддржа американските сојузни држави кои сакаат да инвестираат во ВИ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе соработува со американските сојузни држави кои сакаат да се збогатат преку инвестирање во вештачка интелигенција.

„Мојата поддршка за суперинтелигенцијата е 100 проценти и ќе соработувам со многу сојузни држави во САД кои сакаат да се збогатат благодарение на неа“, напиша Трамп на „Трут соушл“ користејќи го изразот што го преферира за вештачката интелигенција.

Трамп истакна дека суперинтелигенцијата е „злато“ и оти само неразумно раководство би кажало „не“ за богатството што таа го носи.

Ad
Ad