Регион
Кос: Институционалната блокада го забави спроведувањето на реформите во Косово
Косово останува посветено на европската интеграција, но институционалната блокада влијаела врз спроведувањето на реформите поврзани со Европската Унија во извештајниот период, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, пренесе „Косовапрес“.
При претставувањето на извештајот за 2026 година за земјите од Западен Балкан во Брисел, Кос истакна дека јавната поддршка за членството на Косово во Европската Унија и натаму е висока.
Таа нагласи дека, и покрај тешкотиите предизвикани од институционалната блокада, Косово во последно време го интензивирало спроведувањето на својата Програма за реформи.
– Косово останува посветено на својот пат кон ЕУ, процес што има силна поддршка од јавноста. Институционалната блокада влијаеше врз спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ во извештајниот период. Сепак, Косово неодамна го интензивираше спроведувањето на својата Програма за реформи. ЕУ го поздравува изборот на новиот претседател и се надеваме дека обновената институционална стабилност ќе му овозможи на Косово да постигне натамошен напредок, изјави Кос.
ноември 5, 2026


