Регион
Вучевиќ: Новото политичко мнозинство не сака да ги преземе извршната и собраниската власт во Србија
Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, изјави дека новото политичко мнозинство не сака да ги преземе и извршната и собраниската власт.
– Тие не упатија барање до Ана Брнабиќ како в.д. претседател на Републиката итно да распише избори за претседател на Србија, 27 декември е последниот датум кога можат да се одржат изборите. Што нè води до заклучок дека тие намерно во овој простор создаваат амбиент да се случува сè ова што се случува, дека не се одговорни за тоа, а одговорни се од 25 октомври – изјави Вучевиќ за ТВ Ниш.
Како што вели тој, обвинителството и полицијата сега прават што сакаат, а РЕМ (Регулаторното тело за електронски медиуми) се поставува како некое „супертело“. Тоа, додаде тој, е напад не врз една телевизија или една партија, туку врз елементарните вредности и државата Србија, каде што владее хаотична состојба.
– Се надевам дека ќе се најдат сериозни луѓе од таа студентска, блокадерска страна кои се одговорни за државата. Дали сега некој се кае или не, избрани се да ја водат државата. Тие се мајстори за превртени дефиниции – рече Вучевиќ.
Повод седницата на РЕМ, Вучевиќ наведе дека имало доста луѓе пред ова тело и оти ја чекале одлуката.
– Прилично е конфузно сè тоа, изгледа доста аматерски, седницата на РЕМ. Гледаме вид реалити шоу, гаснење на демократијата и најави за апсење на сите што ќе кажат нешто, што ќе се осмелат да ги критикуваат новите властодршци. Ние имаме некој чуден интермецо – оцени Вучевиќ.
ноември 5, 2026


