Општини
Експертски тим на ГРЕКО во Куманово: Се оценуваат антикорупциските механизми и интегритетот на локалната власт
Експертски тим на ГРЕКО (Група држави против корупција) при Советот на Европа престојува во Општина Куманово, во рамки на шестиот евалуациски круг, посветен на спречувањето на корупцијата и унапредувањето на интегритетот на локално ниво.
Посетата, како што објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се реализира од 2 до 6 ноември 2026 година, а во нејзини рамки се одржани средби со претставници на локалната самоуправа.
На средбите учествувале секретарот на Општината, претседателот на Советот, советници, раководители на општинската администрација, директори на јавните претпријатија, како и членови на управните и надзорните одбори.
Разговорите, како што наведува градоначалникот, биле посветени на постојните антикорупциски механизми, предизвиците во нивното спроведување, можностите за нивно унапредување и добрите практики во работењето.
Димитриевски вели дека останува посветен на транспарентно, одговорно и отчетно работење, со јасни стандарди на интегритет и нулта толеранција за корупцијата.
ноември 5, 2026


