Свет
Неколкумина загинати во автобуска несреќа во Франција
Неколку лица загинаа во тешка автобуска несреќа што утрово се случи во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, потврдија локалните власти.
Во однос на типот на возилото што учествувало во сообраќајката, локалните официјални претставници излегоа со спротивставени информации. Министерот за образование Едуар Жефри соопшти дека станува збор за училишен автобус, додека префектот на административниот регион тврди дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус.
Француската телевизија BFM објави фотографија од сино-бел автобус превртен во канал покрај патот, опкружен со спасувачки екипи. Иако телевизијата извести за најмалку две жртви, портпаролот на цивилната заштита и локалната префектура за Ројтерс изјавија дека во овој момент не можат официјално да потврдат точен број на загинати.
Францускиот министер за транспорт Филип Табаро изјави дека е на пат кон местото на несреќата за да го координира одговорот на надлежните служби.
ноември 6, 2026


