Свет
Херцог в недела ќе соопшти кој ќе биде мандатар за формирање на израелска влада
Претседателот на Израел, Исак Херцог, по дводневните консултации со претставниците на политичките партии, синоќа изјави дека в недела ќе го соопшти својот избор за мандатар за составување влада.
По минатонеделните парламентарните избори ниту актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, ниту блокот предводен од Гади Ајзенкот не освоија мнозинство за формирање влада.
На консултациите кај Херцог, 67 пратеници изразија поддршка за Ајзенкот, додека 46 го поддржаа Нетанјаху.
Откако ќе биде номиниран од Херцог, кандидатот за премиер ќе има рок од 28 дена да се обиде да формира влада. Постои можност овој рок да се продолжи за дополнителни 14 дена.
Нетанјаху ќе остане премиер на преодна влада сè додека не се формира нова коалиција или, доколку ниту еден од кандидатите не успее, додека не се одржат нови избори.
Партијата Ликуд на Нетанјаху освои најмногу места во Кнесетот – 27, но неговата верско-националистичка коалиција доби само 53 пратенички места, што е недоволно за мнозинство. Додека коалицијата на Ајзенкот, која обединува четири еврејски партии, освои само 48 места.
Две партии што го претставуваат арапското малцинство во Израел освоија рекордни 19 пратенички места.
Сепак, еден од традиционалните сојузници на Нетанјаху, ултраортодоксната партија Обединет јудаизам на Тората одби да поддржи кој било кандидат за време на консултациите со Херцог.
За време на дводневните консултации кај Херцог, 67 пратеници му дадоа поддршка на Ајзенкот, додека 46 го поддржаа Нетанјаху.
Засега, и Ајзенкот и Нетанјаху ја отфрлија можноста за формирање влада во која би влегле арапските партии, кои го поддржаа Ајзенкот, што би му обезбедило парламентарно мнозинство.
ноември 6, 2026


