Регион
Во Грција годинава регистриран рекорден број заразени и починати од вирусот Западен Нил
Од почетокот на вирусната сезона, заклучно со вчера напладне во Грција биле потврдени 462 случаи на Западен Нил, а починаа 53 лица, што воедно се рекордни бројки и во однос на заразените и во однос на смртните случаи од 2010 година, кога почна да се следи вирусот во земјата, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, во Грција е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес, а досега најголем број случаи имаше во 2018 година, вкупно 317 и истото лето, највисок беше и бројот на починати лица вкупно 51, додека пак годинава се регистриран најголем број и потврдени и смртни случаи.
Во текот на минатата седмица биле потврдени пет нови случаи и починаа две лица.
Од ЕОДИ соопштија дека од вкупниот број заразени, 291 лице било со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), а кај 171 случај симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.
Сè уште се лекуваат 17 лица, 355 пациенти биле пуштен од болница, а за 36 од случаите не била потребна хоспитализација.
Според ЕОДИ, во текот на 2026 година, заклучно со вчера, случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил во Грција се регистрирани во 94 општина во земјата и во 20 регионални единици.
Првиот случај на инфекција во Грција за оваа сезона беше регистрирани на почетокот на јули.
ноември 6, 2026

