Connect with us

Фудбал

Голд купот во нов формат од 2007

Фудбалската федерација на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) воведува нов формат на Голд Купот почнувајќи од турнирот во 2027 година.

Досегашниот формат на Голд купот вклучуваше 16 репрезентации поделени во четири групи, а од следната година ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи.

Секоја репрезентација ќе игра четири натпревари против различни противници во групната фаза, наместо претходните три.

Четирите најдобро пласирани репрезентации од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, која ќе се состои од четвртфинале, полуфинале и финале.

Целта на новиот формат, како што соопшти КОНКАКАФ, е да се создадат повеќе можности за најдобро рангираните тимови во регионот да се сретнат меѓусебно веќе во пораните фази од натпреварувањето.

Турнирот ќе се одржи од 17 јуни до 11 јули 2027 година, а домаќинот сè уште не е одреден.

Ad
Ad