Connect with us

Тенис

Рибакина го откажа настапот на ВТА финалето

Најдобрата светска тенисерка Елена Рибакина го откажа настапот на ВТА финалето што треба да се игра од денеска во Индијан Велс. Таа како причина наведе здравствени проблеми и отказот дојде на само еден ден пред турнирот.

Рибакина требаше да ја брани титулата освоена лани, но се повлече од турнирот.

–   Навистина жалам што се повлекувам од годинашното ВТА финале. Зад мене е неверојатна сезона, но моето тело едноставно не е физичко подготвено за натпреварување. Следува период на одмор и рехабилитација и подготовки за новата сезона, напиша Рибакина.

Таа ланската година победи на ВТА финалето во Ријад без ниту еден пораз и порача дека ќе се врати во Индијан Велс во март следната година кога е термин за играње на турнирот.

Нејзиното место во групата ќе го пополни Марта Костјук, која ќе игра на првиот меч на турнирот против Лина Носкова, а потоа ќе мечеви и против Коко Гоф и Џесика Пегула.

Рибакина во 2026 година освои два гренд слем турнира – Австралија опен и УС опен, а има скор од 54 победи и 14 порази. Таа и покрај отсуството од турнирот календарската година ќе ја заврши на позицијата број 1. 

Ad
Ad