Фудбал
Осимен опериран – се враќа кон средината на декември
Четири недели пауза го очекува фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен по операцијата на коленото на левата нога, соопштија од клубот. Операцијата ја извршил клупскиот доктор.
Состојбата на оперираниот фудбалер ќе се следи на дневно ниво и врз основа на тоа ќе се одреди терминот на неговото враќање на теренот.
Осимен се повреди на дуелот во вторникот од Лигата на шампионите против Штутгарт. Првите проценки се дека тој ќе биде подготвен за натпревари кон средината на декември.
Репрезентативецот на Нигерија оваа сезона на 10 натпревари постигна 10 голови за турскиот тим.
ноември 8, 2026


