Свет
Петмина загинати и најмалку 10 повредени во пукање во центарот на Краков
Пет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени при пукање од огнено оружје во близина на Главниот плоштад во Краков, по што напаѓачот е уапсен, јави полската телевизија ТВН24.
Итните служби интервенираат на местото на инцидентот. Во близина на црквата „Света Марија“ се забележани неколку амбулантни возила и полициски автомобили, а на местото на инцидентот слетали медицински хеликоптер.
„На Главниот плоштад во Краков биле испукани истрели. Итните служби веќе се на терен. Полицијата спроведува и операција на улицата Дитла. Очекуваме официјална потврда за размерите на инцидентот, вклучително и информации за бројот на повредените“, соопшти градската управа на Краков на социјалните мрежи.
Полскиот премиер Доналд Туск на платформата Икс напиша дека полицијата го истражува пукањето и дека тој добива информации за случајот од министерството за внатрешни работи.
ноември 8, 2026


