Фудбал
Малески донесе победа за Струга – триумф на Вардар во Кратово
По дербито на 13.коло во Струга, Првата фудбалска лига има нов лидер откако екипата на Струга ја совлада тетовска Шкендија со 1:0. Јунак на дуелот беше резервистот Христијан Малески, кој голот го постигна во 72.минута, а пет минути претходно влезе во игра.
На дуелот во Кратово, првакот Вардар постигна победа против Силекс со 1:0. Стрелец на голот беше Горан Закариќ во 47.минута. Во завршницата на дуелот домашните постигнаа гол, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен.
На вчера одиграниот натпревар Тиквеш го победи Скопје со 1:0.
Утре играат: Арсими – Брегалница Штип и Арсими – Шкендија Арачиново.
На чело на табелата е Струга со 29 бодови, пред Шкендија Тетово со 27, Тиквеш и Вардар имаат по 24, Силекс 17, Шкендија Арачиново 15, Брегалница 13, Арсими и Башкими по 10, а Скопје 4.
ноември 8, 2026

