Фудбал
Лацио го продолжи договорот со правникот на Мусолини
Лидерот во италијанското фудбалско првенство Лацио ја продолжи денеска соработката со Романо Флоријани Мусолини, потпишувајќи нови договор со дефанзивецот до 2031 година.
„Продолжувањето на мојот договор со овие бои е извор на огромна гордост за мене. Тоа е дополнителна мотивација секогаш да го давам најдоброто од себе“, изјави за клупскиот сајт Романо Мусолини, кој е правнук на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини.
Производ на академијата на Лацио, 23-годишниот Мусолини му се приклучи на сениорскиот тим на римскиот прволигаш во 2021 година.
Дефанзивецот играше и како позајмен играч во Пескара, Јуве Стабија и Кремонезе.
Во сезоната 2026/27, одигра 11 натпревари за Лацио во Серија А, постигнувајќи еден гол.
ноември 11, 2026


