Connect with us

Општини

Кочани и регионот во 2025 – та со негативен природен прираст и сè помалку бракови

Кочани и околните општини се соочуваат со сериозни демографски предизвици, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година. Во Кочани минатата година се родиле 213 деца, а починале 446 лица, со што е забележан природен пад од 233 жители.

Особено загрижувачка е состојбата во Зрновци, каде што биле родени само девет бебиња, наспроти 37 починати лица. Негативниот природен прираст изнесува 28 жители, односно 14,1 на 1.000 жители. Неповолен природен биланс бележат и Берово и Делчево.

Паралелно со ова, статистиката за брачните заедници покажува пад на венчавките и раст на разводите.

Во Кочани во 2025 година биле склучени 172 брака, а се разведени 41 пар.

Во Виница биле регистрирани 83 брака и 19 разводи, во Чешиново-Облешево 28 бракови и шест разводи, додека во Зрновци имало 11 склучени бракови и два развода.

Споредбата со 2024 година покажува намалување на бројот на венчавки во сите четири општини, а во изминатата деценија падот во регионот надминува 30 проценти.

Дополнително, младите се подоцна се одлучуваат за брак.

Просечната возраст при првото стапување во брак е околу 27 до 28 години кај жените и 30 години кај мажите.

Податоците за 2025 година укажуваат на сериозен демографски предизвик за Кочани и целиот регион.

Ad
Ad