Регион
Активи во вредност од над 51,5 милиони евра се замрзнати во Република Кипар од 2023 година
Активи во вредност од над 51,5 милиони евра се замрзнати во Кипар од 2023 година, објавува „Сајпрус меил“, повикувајќи се на податоци презентирани во парламентот.
Приближно половината од замрзнатите средства се од истраги поврзани со контроверзната шема за издавање на таканаречените „златни пасоши“. Активите замрзнати од јануари до август оваа година изнесуваат 32 милиони евра.
Податоците ги презентираше Комисијата за ревизија на Претставничкиот дом за време на разгледувањето на извештајот на Судот на ревизори, кој откри значителни недостатоци во банкарската супервизија на земјата и напорите во борбата против перењето пари.
Извештајот го опфаќа периодот од јануари 2020 до јули 2024 година и открива недостиг на персонал во централната банка, долги одложувања во супервизорските инспекции, слабо пријавување на сомнителни трансакции и недостатоци во соработката меѓу органите одговорни за истражување на финансиски криминал.
Раководителот на Одделот за истраги на финансиски криминал, Ауксентис Константину, истакна дека во 2023 година, во девет истраги биле замрзнати 550.000 евра. Една година подоцна, замрзнатите средства вределе 8,5 милиони евра, а во 2025 година веќе изнесувале 10,5 милиони евра. Од јануари до август оваа година, блокирани се 32 милиони евра, со што вкупниот износ на замрзнати средства достигнал повеќе од 51 милион евра.
ноември 13, 2026


