Регион
Трамп го номинираше Михаил Богачек за амбасадор во Приштина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше Михаил Богачек од Флорида за амбасадор на САД во Приштина.
Информацијата е објавена на веб-страницата на Белата куќа, како дел од списокот на номинации испратен до Сенатот, кој разгледува и одобрува кандидатури за позиции во американската администрација и дипломатските мисии.
Според постапката, номинацијата на Богачек мора да биде потврдена од американскиот Сенат.
ноември 12, 2026


