Свет
Во судир на два патнички воза во Прага повредени 34 луѓе
Во судир на два патнички воза утрово во близина на Главната железничка станица во Прага, повредени се 34 патници, од кои неколкумина се здобиле со тешки повреди и се пренесени во болници во Прага, соопштија железничката администрација и Службата за итни случаи во чешката престолнина.
Два локални воза се судрија челно околу 7 часот наутро на железнички надвозник над прометна улица во центарот на Прага во близина на Главната железничка станица.
Поради фактот што возовите таму возат многу бавно, оштетен е само предниот дел од двете локомотиви.
Министерот за транспорт Иван Беднарик објави дека сите патници се евакуирани од двата воза и дека истрагата за околностите и начинот на несреќата ја спроведува Железничкиот инспекторат.
ноември 17, 2026


